Погледнете како во Тајланд се прославува денот на вљубените, Св. Валентин. Тајландските парови се обидуваат да го срушат досегашниот Светски Гинисов рекорд во најдолго бакнување.

Бидејќи Тајланд се смета за конзервативна земја, натпреварувачите требало да покажат документ дека се во брак или дека се вистински пар со писмо за дозвола од родителите.

Двојката што го сруши рекордот минатата година, ќе се обиде и оваа година да се запише во Гинисовата книга на рекорди.

Победничкиот пар ќе добие 3.300 долари и дијамантски прстен.