Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: И покрај притисоците и заканите, новинарите ревносно и професионално си ја извршуваат работата

0
By Соња Крамарска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Дејвид Гир денеска со првите луѓе на новинарскиот еснаф
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Светскиот ден на слободата на медиумите, го славиме новинарството и неговата етична улога за зачувување на слободата на изразување за промоција на отворени општества и јавна одговорност. Постоењето на слободни и плуралистични медиуми е витално за демократијата и за севкупната отпорност на сите општества, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на крводарителската акција по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија.

„Оваа година се одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права што ги постави темелите за послободен поправден и подобар свет и тука слободата на изразување е од суштинско значење и придонесува за исполнување на сите останати човекови права. Новинарската работа е честопати тешка, новинарите често се подложени на притисоци, закани и честопати говор на омраза особено во онлајн просторот. Тие се соочуваат со недостиг на отвореност кога собираат информации. Нивниот работнички права честопати не се почитуваат, а во денешниот свет тие се соочуваат со огромни дополнителни предизвици како резултат на ширење на дезинформации секојдневно во јавната сфера“, нагласи Гир.

Тој оцени дека и покрај сето ова, многу новинари и медиумски работници во оваа земја и во светот продолжуваат ревносно да работат во согласност со професионалните стандарди, обезбедувајќи факти пред невистините и говорејќи ја вистината.

Работејќи го ова, порача Гир, тие обезбедуваат суштински сервис за јавноста, која пак креира сопствено мислење базирано на најдобрите достапни информации, секогаш будно ја следат власта и работата на институциите и новинарите се тие кои ги обелоденуваат неправилностите од секаков вид.

„Европската Унија е долгорочен чувар и силен поддржувач на слободата на изразување и на слободата на медиумите. Внатре во ЕУ, Европската комисија неодамна иницираше дискусија како да се зајакне заштитата преку нов Акт за слобода на медиумите. Во рамките на ЕУ нашата поддршка вклучува употреба на политички дијалог и експертска помош за зајакнување на законодавството и институциите поврзани со работата на медиумите“, рече Гир.

Тој потсети дека ЕУ дополнително обезбедува финансиска помош за медиумските организации и граѓанскиот сектор, зголемувајќи го новинарскиот капацитет, нивната заштита, награди за најдобрите новинарски дела, подобрување на социо-економскиот статус, како и борбата против дезинформациите.

 

Дејвид Гир слобода на новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.