Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во преговарачката рамка

0
By Соња Крамарска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на евроамбасадорот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и посочи дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации.

По потпишувањето договор за изградба на Европска куќа во Струга одговарајќи на новинарско прашање дали е можно по барањето на ВМРО-ДПМНЕ Советот на Европската Унија да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик, Гир истакна дека македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка без никакви квалификации.

„Прво нешто што треба да кажеме дека на патот кон ЕУ не се губи националниот идентитет, јазикот и културата. И секако македонскиот јазик веќе е во рамката за преговарања без никакви квалификации. Што се однесува до очекувањата не верувам дека може да има подобар или да се очекува подобар договор со Бугарија, од тоа што беше договорено и доведе до отворање на преговорите минатиот јули“, рече Гир.

Тој нагласи дека не треба да се очекуваат нови некакви договори, гаранции или ветувања што се однесува до процесот на пристапување.

„И секако од искуството што ги гледаме од другите земји, фокусот треба, и е на реформите, значи промените што треба да се случуваат. И со тоа вашиот идентитет, како и идентитетот на земјата се зајаканува“, порача Гир.

Дејвид Гир Евроинтеграции јазик и идентитет Преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.