Тенисерот број 1 во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ ја освои 11.грен слем титула во кариерата, откако денеска во финалето на Австралија Оупен славеше над Енди Мареј.
Џоковиќ победи со 3:0 во сетови (6:1, 7:5, 7:6 (7-3)) за нешто помалку од три часа игра.
Ова за него беше 11 победа на последните 12 пресметки со Мареј кој пак стана прв играч во историјата кој петти пат загуби во финалето на еден ист голем турнир.
„Прво сакам да му честитам на Енди за добриот турнир и за добриот меч. Ти си голем шампион, голем човек, кој е посветен на тенисот и сигурен сум дека повторно ќе се бориш за овој трофеј. Исто така ти посакувам тебе и на Ким лесно доаѓање на првото дете и се надевам дека ќе ги почувствуваш истите работи како јас и мојата сопруга. Благодарам на организаторите на овој турнир кој секогаш го носи најдоброто и кој го заслужува прекарот среќен слем. Гордост и привилегија е да се биде во иста реченица со легендите како Рој Емерсон, Род Лејвер“, изјави Ѓоковиќ.




