Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ најави дека наскоро ќе побара гласање на доверба на неговата влада. Според него, прашањето треба да се најде пред парламентарците наскоро, но не пред Нова година бидејќи технички било невозможно.
– Ќе побарам да се испита политичката доверба на оваа влада за да видиме навистина дали сегашниот состав може да продолжи да функционира до изборите или евентуално ќе се соочиме со тоа некој друг да го има парламентарното мнозивнство и да владее, изјави Ѓуканович во интервју за црногорска Антена М.
Тој во интервјуто напоменува дека идејата за преодна влада е неприфатлива и дека нема да преговара со опозицијата за тоа.
– Не сум подготвен да разговарам за тоа, но сум за друг разни форми за да се оттргнат сомневањата за злоупотреба на државните ресурси, и да имаме чист изборен процес кој ќе резултира со кредибилна власт, вели тој.
Во посредство на ЕУ, во Црна Гора власта и опозицијата преговараат за следните избори.




