Под силно полициско обезбедување се одвива гласањето во општината Шуто Оризари.
Гласачите со кои разговаравме велат дека глсањето се одвива во најдобар ред и без притисоци.
Граѓаните се надеваат дека овие избори ќе им донесат подобри услови за живот и работа.
Како набљудувач во основното училиште 26 Јули во оваа општина се појави и американскиот амбасадор Џес Бејли. Тој не даде изјава за медиумите.
https://www.youtube.com/watch?v=Pm_96gL-73k
Претходните од МВР информираа дека досега се поднесени неколку пријави за нерегуларности прекршување на избирачкиот процес.
Во основното училиште „Браќа Рамиз Хамид“ во скопската населба Шуто Оризари директорот денеска ги повикал сите хигиеничарки со изговор дека же се спроведува генерално чистење на училиштето. По пријава, интервенирала полицијата по што тие се пуштени дома.
Неофицијални информации од МВР имаше и дека во дворот на куќата на градоначалникот на Шуто Оризари на гласачите им се делеле огревни дрва.