Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Главниот обвинител на МКС е против формирање специјален трибунал за Украина

0
By Ана Василевска on December 6, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Меѓународниот кривичен суд (МКС)
Меѓународниот кривичен суд (МКС)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска го отфрли предлогот на Европската унија за формирање специјален трибунал со поддршка на ОН за кривично гонење на злосторствата извршени во Украина, велејќи дека МКС е способен ефикасно да се справи со овој предизвик.

Главниот обвинител на МКС, поранешен адвокат од Велика Британија, Карим Кан, го отфрли планот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за формирање специјален суд за „кривично гонење на сторителите на злосторствата за време на руската инвазија на Украина“.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг покрена истрага, но не може да процесуира кривично дело агресија или чин на инвазија на друга земја, бидејќи Руската Федерација не е потписник на Римскиот статут, договорот што го создаде судот.

Во својот предлог, Фон дер Лајен посочи дека е неопходно да се формира нов суд за да се избегнат прашањата за имунитетот, бидејќи шефовите на држави, како што е рускиот претседател Владимир Путин, генерално се сметаат за имуни од кривично гонење додека се на функција.

ЕУ погрешно ги толкува прописите, им рече Кан на новинарите, бранејќи ја способноста на неговата институција кривично да ги гони високите политички фигури, пренесува АП.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ќе продолжи да соработува со меѓународните партнери за да добие „најширока можна меѓународна поддршка“ за формирање на Трибуналот, но нагласи дека ќе продолжи да го поддржува МКС.

Кан призна дека МКС не може да го гони Путин за злосторство агресија, но на други високи функционери може да им се суди за воени злосторства или геноцид.

Треба да избегнеме фрагментација и наместо тоа да работиме на консолидација, изјави Кан, обраќајќи им се на членовите на меѓународното надзорно тело на МКС.

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина на 24 февруари, руските вооружени сили се обвинети за различни злосторства, од убиствата во Буча, предградие на Кијив, до смртоносни напади, вклучително и воздушниот напад на 16 март врз театар во Мариупољ, каде загинаа 600 луѓе.

Извор Цивил медиа

Војна во Украина Европска унија Меѓународен кривичен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.