Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глобалното аерозагадување руши рекорди споредбено со бројот на смртни случаи предизвикани од војна, ХИВ, маларија, дрога, алкохол…

0
By Mirjana on May 18, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2022 16:13

Загадувањето предизвикало еден од шест смртни случаи ширум светот во 2019 година, откри најновото истражување – што е повеќе од глобалните бројки на годишно ниво за војна, маларија, ХИВ, туберкулоза, дрога или алкохол.

Студијата, објавена вчера од Комисијата за загадување и здравје, покажа дека загадувањето убива 9 милиони луѓе секоја година од кои три четвртини отпаѓаат на причините предизвикани од  штетниот воздух.

Според студијата, смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето и токсичното хемиско загадување се зголемиле за 66% во последните две децении, поттикнати од неконтролираната урбанизација, растот на населението и зависноста од фосилни горива.

„Влијанијата врз здравјето на загадувањето остануваат огромни, а земјите со низок и среден приход ги трпат најголемите последици од овој товар“, рече Ричард Фулер, водечки автор на студијата.

„И покрај огромните здравствени, социјални и економски влијанија, спречувањето на загадувањето во голема мера се занемарува во меѓународната развојна агенда. По загадувањето на воздухот, загадувањето на водата беше следната најфатална закана, предизвикувајќи 1,36 милиони предвремени смртни случаи во 2019 година. По воздухот и водата, загадувањето со олово е на третата позиција по што следуваат „токсичните професионални опасности“.

Студијата се надоврзува на извештајот од 2015 година на истата комисија, црпејќи ги податоците од Студијата за глобално оптоварување на болести, меѓународен заеднички напор базиран на Институтот за здравствена метрика и евалуација.

Во четирите години помеѓу, смртоносното влијание на загадувањето врз светот не се подобри – што го прави најголемиот еколошки фактор на ризик за болести и предвремени смртни случаи, се вели во студијата. Се додава дека „отсуството на соодветна национална или меѓународна политика“, ја влошила состојбата со бројот на смртните случаи.

Според студијата, повеќе од 90 отсто од смртните случаи се случиле во земји со низок и среден приход кои не можат да го направат загадувањето приоритет, како што се Индија и Нигерија. Земјите со високи приходи, во меѓувреме, ги контролираа „најлошите форми на загадување“, се вели во студијата.

„Јасно е дека загадувањето е планетарна закана и дека неговите двигатели, дисперзија и влијанија врз здравјето ги надминуваат локалните граници и бараат глобален одговор“, рече Рејчел Купка, коавтор и извршен директор на Глобалната алијанса за здравје и загадување.

„Потребна е глобална акција за сите главни современи загадувачи“, се вели во извештајот.

 Индија е на прво место по загаденост на воздухот

Индија забележа најголем број на смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот во 2019 година, со повеќе од 1,6 милиони загубени животи  во нацијата од 1,3 милијарди, нотира студијата.

Нивоата на загадување во речиси цела Индија се далеку над упатствата на Светската здравствена организација, принудувајќи милиони луѓе да дишат токсичен воздух секој ден, се додава во студијата.

Минатата година, шест од 10-те најзагадени градови во светот беа во Индија, според мониторинг мрежата IQAir. Лошиот воздух би можел да го намали животниот век на стотици милиони Индијци за дури девет години, проценил Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго во една неодамна објавена студија.

Во 2019 година, индиската влада објави национална кампања за чист воздух, со цел да се намали загадувањето со честички до 30% до 2024 година. Беа креирани специфични планови за секој град; во главниот град Делхи, тие планови вклучуваа мерки за намалување на патниот сообраќај и поттикнување на употребата на почисти горива.

Преземено од Си-Ен-Ен 

глобалното загадување и бројот на смртни случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.