Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гмечење на државата

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2026 18:06

Како руското хибридно влијание го (пре)обликува системот – од невидлива операција до прокси реалност

Џабир Дерала

Со години пишувам и говорам за руското влијание во Северна Македонија. Со имиња и презимиња, со опис на конкретни настани, мерки и методи со кои се служи Кремљ. Моите колешки и колеги од тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани го следат тоа влијание на дневна основа.

Видни политичари и научници од сите страни на политичката, општествената и интелектуалната палета во земјата, регионот и светот пишуваат и говорат на нашата медиумска платформа – оценуваат, констатираат и предупредуваат: руското влијание е присутно и силно. Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски, проф. д-р Оливер Андонов од Воената академија, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ и поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, се само дел од тие соговорници, а ги наведувам нив како илустрација за политичката разноликост на нашите соговорници и извори. За анонимните извори и да не говорам. Тие се професионалци во области релевантни за нашиот мониторинг и анализи.

Руската пропагандна чизма

Неколку пати во изминативе години се служам со цитатот – „Најдобриот трик на ѓаволот се состои во тоа да те убеди дека не постои“, вели Кајзер Созе, кого го толкува Кевин Спејси во „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects). Овој, инаку цитат од Шарл Бодлер, може најсоодветно да се аплицира на начинот на кој функционираат руските оперативци чија база е во близина Соборниот храм и се нарекува Амбасада на Руската Федерација.

За руските операции на влијание да бидат невидливи сите овие години се погрижија разни политичари од сите партиски и идеолошки бои, но уште повеќе за тоа се грижеа медиумите и креаторите на јавното мислење, академијата и невладините фолиранти кои со европско знаменце и европско-американски милиони одработуваа(т) за Кремљ, некои несвесно, а некои сосема свесно и наменски.

Долго време трае кампањата против мене и ЦИВИЛ, каде што со негативен, а често и подбивен тон, некогаш со директно именување, некогаш со инсинуации, се тврди дека ние не сме во право и дека „руско влијание не постои“ или дека е незначително. Руската пропагандна чизма одамна гази низ македонското општество, во политиката, економијата, образованието, безбедноста, одбраната, културата и црквата. И да не заборавам – транснационалното криминално подземје. Кога велам одамна, тоа значи со децении. Тоа е долга игра, својствена на руските пропагандни стратези со најмалку еден век искуство во градењето на она што се нарекува Потемкиново село.

Своевремено, завршив и на суд по тужба за клевета од еден претседател на партија сега застапена со шест пратеници во парламентот затоа што напишав дека се руски пиони. За потоа, по почетокот на целосната руска инвазија против Украина, тој истиот јавно да ја поддржува инавзијата. Во меѓувреме, поточно, уште од Шарената револуција наваму, неговите партиски тролови се будеа и заспива со моето име и називот на организацијата во која работам 27 години. Се работи за Димитар Апасиев, шефот на Левица.

Богатото мезење со руските амбасадори

На невладините фолиранти и тинк-тенк мудријаши не им беше доволно дури ни тоа што Христијан Мицкоски, до пред две години, беше посочен како извор на дезинформации во извештаи во издание на европските институции (Европскиот парламент, на пример). Што да кажеме за извештаите на ЦИВИЛ и моите анализи – тие беа оцрнувани и дискредитирани од „објективните професионалци“ кои шушкаа(т) зад мој грб по приеми и коктели.

Наративот за дискредитација на поддржувачите на евроатлантските интеграции се градеше на редовните средби со богато мезе со Олег Шчербак, а потоа со Сергеј Баздникин, руските амбасадори во Скопје. Една од целите, секако, беше да се создаде димна завеса околу руските операции.

Така, на пример, медиумите и граѓанските организации се фрлија на микроскопска вивисекција на т.н. Француски договор, а „не можеа“ да ги видат насилните демонстрации пред и разбојничкото однесување внатре во парламентот во присуство на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Пардон, некои и отворено се приклучија кон протестите. И никој не зборуваше за руската сенка врз протестите против Европската рамка за преговори (Француски предлог) за која антизападните радикали изнесоа и гилотина пред парламентот. Напротив. Шефови на тинк тенк организации нескриено се координираа со македонски политичари со руско подаништво по кафулиња, како што прикажува една фотографија од „Матиник“ во Лептокарија, дел од мојата – инаку прилично обемна – архива за руските врски.

Руската хибридна „сказна“

Руската хибридна „сказна“ на сега владејачката партија ја раскажував уште од времето на нивниот претходен лидер, Никола Груевски, кога неговото владеење се нарекуваше режим (а што ли е сега?).

Зошто велам хибридна?

Затоа што не се работи само за влијание во медиумите и јавната комуникација – таа навлегува многу подлабоко и е вградена во самата архитектура на системот. Ако некогаш институциите и политичките структури решат да ја демонтираат кремљовската инсталација, ќе се изненадат од тоа колку длабоко е навлезена и кој сѐ е вклучен во неа.

Руското влијание не функционира само како класична пропаганда, туку како комплексен систем на хибридни операции. Тој се потпира на медиумите и јавните изјави, но уште повеќе на мрежа од политички актери, медиумски газди, бизнис кругови, безбедносни структури и „корисни идиоти“ во академијата и граѓанскиот сектор. Целта на тој систем не е секогаш да убеди – туку да создаде конфузија, недоверба и парализа во општеството. Тоа е сосема доволно.

Тоа влијание се манифестира преку добро познати форми – националистичка омраза кон Албанците, политичка хистерија против „предавници“ поврзани со ЕУ и НАТО, антагонизам кон Бугарите и Грците, верска нетрпеливост и други поделби што систематски го разоруваат општественото ткиво.

Треба да се знае дека системот што го опишувам овде ретко делува директно – операциите се спроведуваат преку посредници и локални актери што ја пренесуваат и прилагодуваат агендата. Наративите се шират постепено, се прелеваат од маргините кон мејнстримот. Во исто време, се дискредитираат критичките гласови, се релативизираат фактите и се создава привид дека „вистината е некаде на средина“. Тоа е стратегија на долга игра во која целта не е само влијание врз мислењето, туку постепено редефинирање на реалноста.

Долгата игра

Долго време трае руската операција во целиот регион, а нејзиниот интензитет во земјава варираше низ различни периоди.

Силно се почувствува за време на војната во Косово и бегалската криза (1998–1999), како и во конфликтот во Македонија (2001). Потоа, преку локалните актери, следуваа операции насочени кон опструирање на Охридскиот рамковен договор и европската перспектива (2002–2005).

Приближувањето кон Москва станува поочигледно со доаѓањето на Груевски на власт (2006), а добива дополнителна динамика по подемот на Александар Вучиќ во Србија (2012).

Кулминацијата на руските операции станува повеќе од очигледна во периодот на Преспанскиот процес, референдумот и уставните измени, како и зачленувањето во НАТО (2018–2020) – и потоа продолжува.

На крајот од таа долгогодишна операција на влијание во повеќе сфери – наведени погоре и елаборирани во безброј извештаи, анализи и публикации на ЦИВИЛ – настапи новата фаза.

Сето тоа не беше низа од изолирани настани, туку постепено спроведуван процес со јасна насока и цел: промена на општествено-политичкиот амбиент, вредностите, однесувањето и начинот на мислење.

Гмечењето на Северна Македонија, нејзиното препарирање од таргет на руското хибридно влијание во прокси држава, трае со децении – уште пред да го добие „престижниот“ статус на подизведувач на прорускиот режим на Вучиќ.

Започна за време на авторитарното владеење на Бранко Црвенковски, се засили во периодот кога Љубчо Георгиевски беше премиер, а потоа дополнително се интензивира за време на турбулентното поствоено владеење на СДСМ (2002–2006), обележано со дури пет владини кабинети. Контурите на прокси државата јасно се исцртаа за време на режимот на Груевски.

Руската операција не престана ниту во времето кога премиер беше Зоран Заев – напротив, планот за неговото уривање беше ставен во функција уште пред да ја преземе функцијата. Тоа продолжи и во времето кога премиер беше Димитар Ковачевски.

Заев и Ковачевски, а од позиција на претседател и Пендаровски, како и тогашниот министер за надворешни работи Османи, направија повеќе од очигледни напори да ги подготват институциите да преземат решителни чекори за спротивставување на Кремљ. Без многу успех.

Статус: Прокси држава

Така, по доаѓањето на власт на Мицкоски на власт, Северна Македонија веќе слободно може да се вброи во редот на прокси држави на Русија со статус на подизведувач на Србија.

Приказната продолжува. Кога лидерот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче ќе изјави дека Мицкоски е руски играч и дека блокирањето на уставните измени е, всушност, во полза на интересите диктирани од Москва, виа Будимпешта и Белград – реакцијата на медиумите, граѓанското општество, академијата и јавноста е слична на онаа како кон извештаите на ЦИВИЛ или на европските институции и експерти. Зошто? Затоа што теренот е веќе одамна подготвен на тој начин што изјавите на Филипче ќе бидат дочекани со скепса, и затоа што тој е во опозиција, па тоа што го кажува е само обид да му наштети на „супер успешниот“ премиер и шеф на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

А тие што, сепак, не можат целосно да им избегаат на фактите, одат на тоа да „признаат“ дека власта во земјата е под руско влијание, но дека тоа влијание се гледа (само) низ дејствувањето на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стојиљковиќ. Стварно? Па кој го постави? Кој му е шеф? Како е можно тоа?

Тоа ви е како Вучиќ да каже дека не знае или дека не е одговорен за постапките на Александар Вулин кој буквално работи во партнерство со руските безбедносни и разузнавачки служби, со три ордени доделени од рускиот диктатор и воени злосторник, Владимир Путин, и по еден од озлогласените руски служби ФСБ и СВР. Или како Виктор Орбан утре да каже дека не е одговорен за тоа што Петер Сијарто му издавал тајни на Сергеј Лавров.

Несомнено, Мицкоски е свесен дека, без оглед на тоа колку силно ја држи контролата врз медиумите и јавните комуникации, неговата „руска игра“ полека почнува да се „лепи“ на неговите скапи одела. Многу е веројатно му станало јасно дека неговиот „руски“ играч во владата – кој секако не е единствен – е веќе „изгорен“. Затоа формирањето на новата српска партија во земјата под водство на поранешниот СДСМ-овец и градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, му одговара на Мицкоски. Може да се очекува Стојиљковиќ да биде „реконструиран“ деновиве, а неговото место да го заземе Богдановиќ, кој пред неколку години, како градоначалник, се „прослави“ со рускиот детски парк и руското спомен обележје зад Универзалната сала во Скопје.

А медиумите и невладините фолиранти кои остареа на европско-американската финансиска дојка тоа ќе го дочекаат како знак за „европската ориентација на премиерот“. И приказната ќе продолжи.

Во барем приближно нормално општество, кога лидерот на опозицијата, поранешни високи државни и владини функционери ќе изнесат ставови и сознанија за малигно влијание од странство, па нека е тоа од „браќата“ Срби и „мајката“ Русија, најмалку што медиумите и јавноста можат да направат е да отворат дебата. Кога универзитетски професори и независни граѓански организации и медиуми ќе го кажат тоа – се отвора дебата. Низ дебатите, колку и да е остра и обременета со негирање, сепак, фактите излегуваат на виделина. Затоа, на руските инсталации не им одговара дебата. Впрочем, тоа е позицијата и на премиерот. Секој облик на активно граѓанство и дебата во општеството мора да биде пресретнат со подбив или закана. И мора да биде задушен.

 


Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

влијание Македонија руско Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

ВЕСТИ April 18, 2026

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој…

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026
ТИКЕР

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.