Езџан Алиоски го одржува Лидс на пат за враќање во Премиерлигата. Македонскиот репрезентативец постигна мајсторски гол за победа на екипата од „Иланд Роуд“ над Болтон со 2:1 во 34. коло во англискиот Чемпионшип.
GOALLLLL ALIOSKI 2-1 LEEDS #LUFC pic.twitter.com/xFuZfyvAvE
— LUFC Goals (@LUFC_Goals) February 23, 2019
Алиоски ја погоди целта со одличен лоб што го упати од надвор од казнениот простор го совлада гостинскиот голман Метјуз за еуфорија на трибините и славенички танц на тревникот.
За крилниот напаѓач на Лидс и на македонскиот национален тим ова е шести гол во сезоната со кој уште повеќе ја зацврсти довербата кај менаџерот Марсело Биелса