Вчера (14 септември) во 16 часот и 20 минути, С.З.(44) од тетовско Шемшово во СВР Тетово пријавил дека десетина минути пред тоа во неговата фирма во Јегуновце физички бил нападнат од А.М.(27) од тетовска Мала Речица поради претходни нерасчистени деловни односи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.