Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Го сакам Водно“ не попушта гасоводот да се гради низ Водно

1
By Нова ТВ on July 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата „Го сакам Водно“ утре во 11 часот ќе одржи прес конференција пред Град Скопје затоа што, како што напиша на нејзината официјална фејсбук страница, се сомнева дека пробивањето на трасата на Водно за минување на гасовод отстапува од договореното со Владата.

„Без официјална одлука на Влада, без одобрение од Град Скопје, со долга листа на неправилности во целата постапка за градење на оваа делница на гасводот, во издавање на одобрението за градење, деновиве багерите по неколку месечна пауза продолжиле на терен да рамнат и да го кршат сртот. Државава вака мисли да продолжи да работи? На овој начин?!“, прашуваат од групата „Го сакам Водно“.

Од таму посочуваат неколку аргументи, според кои, како што велат тие, може да се заклучи дека има отстапување.

„Багерите работеле деновиве, по старото сценарио, кое години наназад добро се установи, во ек на летни одмори удри и гради против граѓанскиот став кој аргументирано бара градење ндвор од Водно. Порамнето, искршен сртот, без официјална одлука на Влада!!! И не, да бидеме јасни, не се како што рекоа МЕР и вицепремиерот Кочо Анѓушев десет метри и не е по изменетата траса која ќе ја намалела штета, туку по старата. Одобрение за градење издадено без одобрение на Град Скопје под чие владеење е парк шумата Водно. Студии за оцена на влијанието на проектот врз животната средина кои не го разгледуваат посебно заштитеното подрачје на парк шума Водно.  Јавни расправи за кои јавноста не била известена и не била присутна. Распишан тендер на МЕР за изградба на гасоводот, месеци пред да бидат воопшто овластени од Владата за изградба“, пишува групата на нивниот фејсбук профил.

Фото: Официјална фејсбук страница на „Го сакам Водно“

Групата „Го сакам Водно“ ги повика градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Владата, Инспекторатот на град Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ да го запрат проектот затоа што, како што велат, листата на аргументи против трасата на гасоводот да оди низ парк шумата Водно е толку долга, што секој правен систем би го запрел процесот.

Групата уште побара Владата јавно да ја објави одлуката донесена на владина седница со која се предвидува гасоводот да минува низ парк шумата Водно а по изјавата на директорот на МЕР, Бајрам Реџепи  дека Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки,

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.