Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годинава Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 20 – 27 август во Битола

0
By Mirjana on July 20, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 20, 2022 15:18

„Годинава фестивалот ќе трае подолго, ќе трае осум дена и ќе изобилува со програми. Годинава имаме 14 играни филмови, 12 во кратката програма, ја враќаме документарната програма, студентската програма повторно ја враќаме, ќе имаме гости од светски академии за филм и мак корнер програмата…

Годинава имаме добитник, симболот на „Браќа Манаки“, имаме исклучителен добитник, што се смета за пионер на дигиталната камера и е првиот оскаровец кој добил Оскар за филм снимен со дигитална камера, а тоа е господинот Ентони Дод Ментл кој е снимател на филмовите на Ларс фон Трир, на Дени Бојл, и бројни холивудски филмови. Сестран кинематографер со документарни остварувања на дигитални долгометражни, краткометражни филмови. Како и браќата Манаки вистински пионер во својата област. Тој ќе ни дојде и ќе биде гостин во Битола, ќе ја прими наградата која е симболот и знакот на нашиот фестивал, истакна на денешната средба со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамовски.

За дел од долгометражната програма информираше селекторот Слаѓан Пенев.

„Оваа година ќе имаме 14 филмови, ќе има и по два и по три филмови во една вечер во големата сала во Домот на културата во Битола, но се надевам дека публиката ќе биде задоволна од изборот и ќе го  имаме она што е најдобро годинава во кинематографијата. „Тркалото на среќата и фантазијата“ од Рјусуке Хамагучи би го издвоил од насловите кои ќе ги имаме, канскиот победник „Триаголник на тагата“ исто така ќе се прикаже во Битола, последен што ќе го откријам е шпанскиот филм „Алкарас“ кој е добитник на „Златна мечка“ во Берлин, истакна Пенев.

Директорот Дамевски потенцираше дека Фестивалот овие две години се фокусира на пионерската работа.

„Веруваме дека треба да ги чествуваме оние кои се пионери во кинематограферската работа, луѓе гои отвараат нови видици, визии, естетики, луѓе кои се општествено ангажирани, се обидуваат да зборуваат преку таа визура и своите естетики за се она што се случува во светот, луѓе кои овој фестивал ќе го доживуваат како семејство, оти ИФФК „Браќа Манаки“ е семејство за кинематограферите, истакна Дамевски.

Селекторката на документарната програма, Кумјана Новакова смета дека ИФФК „Браќа Манаки“ е многу важен фестивал за виталноста на нашето општество.

„ИФФК „Браќа Манаки“ како фестивал со најдолго искуство и традиција има некако посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст. Овие два концепти го дефинираат и програмскиот концепт на документарната натпреварувачка програма оваа година. Програмата е простор на промени зошто 70 проценти ги потпишуваат жени, односно женскиот сензибилитет отвора нов израз и претставува промена на традицијата со која сакаме да раскинеме. Од друга страна простори на креативна храброст затоа што со селекцијата влегуваме во доку фикцијата и на хибридните филмски јазици, рече Новакова.

Таа ги издвои „Три минути продолжување“ и „Фабриките на работниците“, а соопшти и дека жирито на документарната програма е составено од жени.

Марија Апчевска е селектор на кратката програма на годинешното издание на Фестивалот.

„Ставен е фокусот на кратки филмови кои имаат извонредна фотографија, бидејќи кинематограферот е значаен за наративот филмот. Имаме селектирано 12 филмови од цел свет. Особено ми е задоволство што во изборот имаме и филмови кои се снимени од жени кинематограферки, бидејќи тоа е сеуште поле во кое доминираат кинематограферите. Имаме и наши домашни македонски филмови, тоа е традиција која ја негуваме во сите програми. Тоа се филмови кои веќе биде на светски фестивали, наградувани се, но и имаме нови гласови, филмови на режисери и кинематографите чие време допрва доаѓа, а тие во Битола ќе уживаат на нашиот фестивал, истакна Апчевска која рече дека не очекува одлично издание.

Минатата година имавме фестивал кој се случуваше наспроти се и тоа беше нашиот слоган на фестивалот, годинава благодарение главно на битолчани и како финансиски поддржувачи и како ангажирани околу реализацијата на Фестивалот, тој е дефинитивно и конечно битолски.

Ѓорѓи Пулевски е селектор на студентската програма. Годинава околу педесеттина студенти од повеќе светски академии за филм доаѓаат во Битола на фестивалот и ќе присуствуваат на мастер класовите, проекциите…

„Задоволство ми е што го најавувам враќањето и надградувањето на студентската програма која ја нарекуваме „Први чекори“. Тоа е една визија на фестивалот кој е една покдовна точка на младите кинематографери, им даваме елан, инспирација и препознавање на нивниот квалитет и талент. Ако претходно студентската програма имаше регионален карактер, сега е проширена. Втората поважна промена е трансформацијата на студентската програма од ревијален во натпреварувачки карактер. Избравме 18 филмови од 17 земји во селекцијата од најголемите филмски академии од Лондон, Виена, Полска, Чешка, Минхен, Мадрид итн. Ќе одлучува интернационално жири, а најдобриот кинематографер ќе добие кристална камера 300 , рече Пулевски.

Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.