Во Украина денеска се одбележува третата годишнина од почетокот на проевропската револуција и поетокот на судирот со Русија.
Таканаречените протести Евромајдан траеа три месеци, а кулминираа со судири во кои животот го изгубија околу 100 луѓе и околу 20 полицајци кои го обезбедуваа собирот.
Претседателот на Украина Петро Порошенско го прогласи 21.ноември за Ден на достоинството и мирот.
На церемониата во Киев тој рече дека бившата советска република „никогаш повеќе нема да се врати во минатото, кога беше потчинета на Москва“.
-Револуцијата стави крај на нашето руско советско минато и пост советскиот период, рече Порошенко, додавајќи дека таа го раздвоила украинскиот еврсопски свет од рускиот свет.
Прозападните лидери за крвопролевањето кое се случи во февруари 2014 година го обвинија тогашниот претседател Виктор Јанукович, кој пред тоа ја отфрли ЕУ поради блиските односи со Русија.
Откако Парламентот го смени, Јанукович избега во Русија.




