Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во денешното годишно обраќање се очекува да се фокусира на позитивната агенда за Унијата по Брегзит.
Според најавите, Јункер ќе го повтори ставот дека одлуката на Британија за напуштање на Унијата од 23 јуни е предупредување дека блокот се соочува со битка за преживување против растечкиот национализам во Европа.
Портпаролката на Комисијата вели дека говорот на Јункер во Стразбур ќе биде позтивна агенда за следните 12 месеци, поткрепена со конкретни предлози. Еден од нив е намерата да се испратат милијарди евра во вид на инвестиции во АФрика за да се заузда нивото на миграција кон Европа.
Во следните денови лидерите на останатите 27 држави во ЕУ ќе одржат самит во Словачка, на кој нема да присуствува Британија.




