Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ дури на 61. место, колку тежи најбогатиот човек во регионот?

0
By Соња Крамарска on January 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најбогатиот во регионот е Дубравко Гргиќ од хрватската „Аграм груп“, чија вредност е проценета на 2,8 милијарди евра, објави српски„Неделник“ кој се занимаваше со вредноста на компаниите и нивните сопственици во регионот.

По него следуваат Миодраг Костиќ „МК Груп“ и Мирослав Мишковиќ „Делта холдинг“ од Србија со по 2,7 милијарди евра, а следни се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од „Инфобип“ во Хрватска, чија вредност е проценета на 2,5 милијарди евра.

На листата се проценува дека 18 компании вредат повеќе од една милијарда евра, а меѓу нив најсвежо лице е Мате Римац од познатиот автомобилски „Римац груп“, кој е на петтото место со 2,2 милијарди.

По него е Емил Тедески, сопственик на Атлантик Група (1,6 милијарди), Петар Матијевиќ, сопственик на МИ „Матијевиќ“ (1,5 милијарди). Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт, 1,3 милијарди) се на осмото место, додека Драган Шолак (Јунајтед Груп, 1,3 милијарди) е на деветтото место.

Топ десет ја заклучува Миле Ќурковиќ (Плодин 1,3 милијарди).

„Неделник“ објаснува дека листата ја составиле експерти од две консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат.

Меѓу попознатите имиња на листата се Богољуб Кариќ на 21. место со 940 милиони евра, Вук Хамовиќ на 26. место со 800 милиони евра, Жељко Митровиќ на 32. место со 732 милиони евра и Новак Ѓоковиќ на 61. место со 430 милиони евра.

„Неделник“ наведува дека списокот покажува и дека важи старата југословенска поделба на развиени и неразвиени, бидејќи економиите на Црна Гора, БиХ и Северна Македонија се далеку зад Хрватска, Словенија и Србија.

Исто така, нееднаквоста е најголема во Црна Гора бидејќи имотот на петте најголеми во Црна Гора изнесува 1,7 милијарди евра, што е дури 35,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Следната најголема нееднаквост е во Северна Македонија, каде што средствата на петте најголеми изнесуваат 23,9 отсто од БДП.

Извор: Цивил Медиа

богатство Дубравко Гргиќ Миодраг Костиќ регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.