Изливите на нервоза кај српскиот тенисер се јавија во полуфиналето на Мастерсот во Кина и поразот од Баутиста Агут (4:6, 4:6)
Новак Ѓоковиќ даде потврда за кризниот период што го минува. Српскиот тенисер во нејсвојствено, за него, однесување во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. Роберто Баутиста Агут беше подобар со 6:4, 6:4, а Ѓоковиќ не можеше да се исконтролира во текот на мечот во кој влезе со видлива нервоза.
Својот бес, по губењето на првиот сет, Ѓоковиќ го „истури“ на рекетот. Неколку пати го тресна од земја и го искрши. Во вториот ја искина маичката, се расправаше со судијата, во еден момент се „закачи“ и со еден од камерманите.
Упорниот Шпанец, чиј отпор не можеше да го скрши Србинот, во финалето ќе игра со Енди Мари.
https://youtube.com/watch?v=YCOsGZh4lWI