Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на „Вимблдон“ откако го совлада Јаник Синер со 3:2 (5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2).

Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Лондон ќе игра со подобриот од дуелот Давид Гофан – Камерон Нори. Публиката уживаше во дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер, кој беше крајно возбудлив.

Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и брзо дојде до водство од 4:1. Србинот имаше можност уште еднаш да му одземе сервис на противникот, но не ја искористи брејк-топката, па Синер се врати во мечот.

Италијанецот го искористи моментот, го врати брејкот и потоа по голема борба направи уште еден и со одличен пресврт дојде до водство од 1:0 (7:5).

Мотивиран од добрата игра во првиот сет, Синер продолжи со одлична игра на почетокот на вториот сет. По првиот гем кој Новак го доби на свој сервис, Синер израмни, а потоа направи брз брејк и поведе со 2:1.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1544354860480487424?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1544354860480487424%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-golem-presvrt-na-gjokovikj-za-polufinale-na-vimbldon%2F