Тимот на Голден Стејт, ноќеска како домаќин, славеше над Бостон со 107:88 во вториот натпревар од големото финале во НБА-лигата.

Првата ѕвезда на „вориорси“, Стеф Кари беше најефикасен со 29 поени. Во поразениот тим се истакна Џејсон Тејтум со 28 поени.

Резултатот во серијата до четири победи е израмнет на 1:1.

Третиот натпревар е закажан на 9 јуни.