Пожари зафатија голема површина на шума во подрачјето на Мармарис, во западната турска провинција Мугла. Пожарникарите се борат со огнените јазици и од копно и од воздух, јави агенцијата Анадолија.

Причините за огнената стихија сè уште не е утврдена.

Во гаснењето се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, екипите на терен прават сè што е во нивна моќ.