Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем успех за средношколци од Скопје на националниот натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional

0
By НОВА ТВ Balaban on June 22, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ученици од средните училишта на Град Скопје постигнаа голем успех во финалето на шестиот национален натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, кое денеска се одржа во IBank концептуалната филијала на Стопанска Банка АД – Скопје. Тие освоија едно прво место, две втори места и едно трето место. Првото место го освои Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“, вторите места се за Лука Зотовиќ од СУГС „Јосип Броз Тито“ и за Ардита Емини од СУГС „Зеф Љуш Марку“, а на третото место се најде Иван Јорданов од СУГС „Васил Антевски Дрен“. На финалето на овој престижен натпревар денеска присуствуваше секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски.
– Град Скопје и оваа година е партнер во организирањето и спроведувањето на овој многу значаен настан од областа на унапредувањето на дигиталните вештини. Град Скопје го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски. Лично сметам дека инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост, особено преку формалниот образовен процес, ќе придонесеме за подобрување на можностите за вработување на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место. Тоа, пак, ќе влијае на зголемување на економската продуктивност на општеството. Во рамки на шестгодишното партнерство со Certiadria во организирање на овој натпревар, Град Скопје поддржа вкупно 2.600 ученици од средните училишта, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office и АСА испит. На овој начин, учениците без разлика на нивниот социјален и економски статус добија можност да се стекнат со меѓународно признат сертификат кој ќе им биде од особено значење во нивното понатамошно школување и кариера, рече Велковски на доделувањето на наградите за најдобрите.
Натпреварот се базираше на тестирање на ученици од 13 до 22 години од цела Македонија кои ги одмерија своите знаења во Microsoft Office апликациите – Word, Excel и PowerPoint, односно Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.
Значајно е да се нагласи и дека најдобриот натпреварувач ќе ја има можноста да ја претставува нашата земја на светскиот натпревар во САД, што ќе се одржи во јули  годинава.
Скопје средношколци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.