Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема нервоза на власта во односот кон новинарите по трагедијата во Кочани, вклучена и пропагандната машинерија

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ТЕМА
Фото: Нова
Фото: Нова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скандалозно е да се повикуваат на информативен разговор во МВР новинари од редакциите на “ТВ21” и “Ројтерс”, а кои си ја работеле работата и сакале да известат од собирот на граѓаните.

Дестан Јонузи

Трагичниот случај во Кочани ја налути власта против оние кои размислуваат поинаку од неа за овој случај. Според познавачите на околностите и политичките случувања во државата дел од политичарите од власта, во ова критично време и осетливо за јавноста, се однесуваат и како обвинители и судии.

– За жал, гледаме една голема нервоза на власта во односот кон новинарите уште од првата пресконференција после трагедијата во Кочани. Потоа, гледаме дека дел од политичарите од власта, во ова критично време и осетлива јавност, се однесуваат и како обвинители и судии. Мора да се остави обвинителството да изнесува факти од својата работа. Не смее да се нарушува концептот на поделба на власта. Јавноста има потреба од навремени и точни информации, од релевантни и засегнати институции. Новинарите тука ја имаат главната улога. Институциите и нивните претставници се должни да бидат транспарентни и да дадат точни и навремени одговори на сите прашања од својата област, вели за Фронтлајн, Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија.

Според него, скандалозно е да се повикуваат на информативен разговор во МВР новинари од редакциите на “ТВ21” и “Ројтерс”, а кои си ја работеле работата и сакале да известат од собирот на граѓаните.

– Нема демократија без слободни медиуми и новинари кои бараат одговори за прашања од интерес на јавноста. Видовме како нервозно и несоодветно пропагандната машинерија реагираше на текст на Цивил Медиа во кој имаше точна и навремена информација за собирот на граѓаните во Скопје во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?” Во овие два-три дена видовме нервоза и кај премиерот Мицковски и кај министерот за внатрешни работи Тошковски, во нивните одговори кон новинарите кои поставиле легитимни прашања. Претставниците на институциите се должни достоинствено и со почит кон јавноста да одговараат на прашањата на новинарите, нагласува нашиот соговорник.

Тој, ја поздравува оставката од морални причини на градоначалникот на Кочани, но додава дека, тој беше должен и да излезе во јавноста и да даде одговори на серија на прашања кои ги има јавноста.

– Се отвори и прашањето на начинот на кој политичарите ги посетуваат болните и почитувањето на протоколите кои се важни за здравјето на оние кои се борат за своите животи. Ја видовме и реакцијата на лажните вести во јавноста на сопругата на починат член од бендот. Ова се тешки моменти во општеството, после голема трагедија. Сите повикуваат на сплотеност, но таа сплотеност мора да биде изградена со однесувањето на сите чинители во општеството. А прв пример во тоа треба да биде власта. Институциите имаат обврска да изнесуваат навремени и точни факти, а медиумите кои известуваат треба да се придржуваат на етичките норми предвидени за известување за вакви трагедии, подвлече тој.

Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. По несреќата во Кочани, Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна жалост на територија на цела држава.

Двајца новинари на Телевизија 21 и еден новинар на агенцијата „Ројтерс“, државјанин на Република Србија, вчера беа однесени и задржани во полициската станица „Центар“ бидејќи го снимале со дрон собирот на Плоштадот Македонија во Скопје.

Собирот се одржа поради трагедијата во Кочани во која по пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Новинарите се задржани во полициската станица повеќе од час и половина.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку новинари се повикани на разговор бидејќи немале дозвола за снимање со дрон.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал собирот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со забраната.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

дрон кој е следен Кочани новинари Скопје собир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.