Published: Wednesday, January 28, 2015 21:31
Во голема полициска акција, италијанските власти издадоа 170 налози за апсење на организиран криминал.
Италијанскиот обвинител при борбата против мафијата, Франко Роберти, вели се работи за историски чекор во борбата против организираниот криминал.
Некои од 170-те имиња се уапсени, а други се во провес на затворање.
Најголемиот дел налози за апсење се издадени за во еден од најбогатите италијански региони, Eмилија-Ромања, каде што најголем град е Болоња.




