Се апсат скриени од камерите, едно од апсењата пред “Баур о Лак“ хотелот во Цирих
Шестмина претставници на ФИФА се уапсени под сомнение за корупција, и се соочуваат со екстрадиција во САД. Во исто време, швајцарските обвинители покренуваат истражна постапка за одлуките според кои Светското првенство во фудбал во 2018 и 2022 ќе се играат во Русија, односно Катар.
Помеѓу осомничените е и заменик-претседател на ФИФА кој наводно земал 100 милиони долари мито за 20 години.
Помеѓу уапсените не е актуелниот претседател Сеп Блатер, кој во петок од членовите на ФИФА ќе го побара и петтиот мандат како прв човек на Светската фудбалска организација.
Полицијата извршила претрес во седиштето на организацијата во Цирих, а многу документи биле запленети, соопштува швајцарското Јавно обвинитеслтво.
>> Ноември 2014 – НОВА за сомневањата за корупција за Светските првенства во 2018 и 2022
Помеѓу уапсените 14 претставници и членови на одбори се, Џефри Веб – претседател на конфедерацијата за Северна и Централна Америка и Карибите, Џек Варнер – поранешен претседател на ФИФА, шефот на костариканската фудбалска федерација, Едуардо Ли,потоа Еухенио Фигередо – претседател на Јужноамериканскиот огранок на ФИФА и Жозе Мариа Марин, член на комитетот за клубови при ФИФА.
Неколку од нив веќе ја признале вината, соопшти американското Министерство за правда, а помеѓу нив и Чарлс Блејзер, кој порано бил истакнат член во извршниот комитет на ФИФА.
>> Ноември 2014 – НОВА за скандалите кои ја тресат ФИФА
Истрагата е се уште во тек.
Од друга страна, обвинителите отворија и паралелна постапка “против непознати лица“ под сомнение за криминални дејствија и перење на пари, поврзани со одлуките за Светското првенство во 2018 и 2022 година.




