Published: Friday, November 4, 2016 09:43
Во зградата на Парламентот на Австрија утрово во 6.30 часот избил пожар што го зафатил покривот на зградата, јавија локалните медиуми.
Небото над Виена било прекриено со густ црн чад кој се проширил на неколку километри.
Според досегашните информации нема повредени.
Пред Парламентот има многу возила на итна помош, а противпожарните единици за кусо време успеле да го изгаснат пожарот.




