За еден денар поевтинуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 84,5 денари, а 87 денари на Еуросупер БС-98. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 97денари, а екстра лесното за 93,5 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 проценти во однос на одлуката од 5 септември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236 проценти, кај дизелот за 2,617 проценти, кај екстра лесното масло за 2,786 проценти  и кај мазутот намалување за 3,266 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848 проценти.