Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Господинот со Бомбе шапка

0
By Нова ТВ on May 28, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2014 13:26

Автор: Mихаил Мице Бошковски

Бернард Стенли, или попознат како Акер Билк, или Мистер Акер Билк, е роден во 1929 г., во Пенсфорд, Сомерсет – Англија. Тој, секако е најпознатиот кларинетист на англиската музичка сцена во последниве 50 години.

Иако себеси се смета за џезер, сепак најголемите успеси и хитови ги има во сферата на поп музиката или во жанрот наречен „Easy listening“ – со лесно певливи мелодии, нежни тонови, често примамливи и за танцување. Во младоста не и посветува вниманаие на музиката иако неговите родители имале желба да учи клавир. Тој повеќе ги сакал спортските активности, посебно фудбалот.

Поради својот нескротлив темперамент се здобил со две повреди – скршил два заба и трајно оштетил еден прст од рацете. Подоцна сам признава дека токму тие повреди се клучните причини што успеал да развие уникатен стил на свирење.

Со кларинетот се среќава кога во 1948 година како војник престојува во зоната на Суецкиот Канал. Во слободните мигови, со позајмен инструмент почнува да ги совладува и открива тајните на кларинетот. Иако самоук, поради својата музичка надареност, бргу го совладал инструментот. Од армијата се демобилизира во 1951 година.

Извесно време за ситни пари работи во една фабрика за тутун, а на музиката целосно и се посветува од 1955 година кога станува професионален музичар. Во почетокот свири во неколку џез бендови, за да подоцна формира свој – „Acker Bilk And His Paramount Jazz Band“. Тоа бил добар бенд, кој почнал срамежливо да се појавува и на британските хит паради.

Но, вистинскиот успех и светската слава, бендот, а посебно Акер Билк ја стекнува кога во 1961 година ја компонира песната „Jenny“ за својата новородена ќерка. Следната година песната е позајмена како шпица за потребите на детската ТВ серија на Би Би Си „Stranger On The Shore“ („Странец на брегот“).

Песната го добива насловот на серијата и е снимена со гудачката придружба на „Leon Young String Chorale“. Прекрасната музичка тема и магичниот тон на Билк со богато вибрато, постигнува незапамтен успех за една инструментална композиција. Освојува (според некои извори прво, според други второ место во Англија) и 7 недели прво место во Америка.

На англиската топ листа се задржува 55 недели и се смета за најпродаван инструментален хит на сите времиња со тираж од преку 4 милиони. Исто така се наоѓа на 58 место на најпродаваните синглови на листата објавена во 2002 година.

За популарноста на оваа песна говори и фактот што таа во 1969 г. беше ставена како аудио лента во командниот модул на екипажот Аполо 10 на пат кон месечината. Ова не е единствениот хит на Акер Билк. Во 1976 г. повторно е меѓу првите 5 со темата „Арија“. На хит парадите во Англија се појавува повеќе пати. Во периодот од 1960/78 бил забележан со 11 синглови и 9 албуми, бројки што се за респект, особено кога се работи за инструментална музика.

Во почетокот на овој век Акер Билк се повлече од сцената поради рак на грлото. Во тој период му се посвети на сликарството. За среќа, по долго и интензивно лекување тој целосно закрепнува и му се враќа на кларинетот. Минатата година го прослави 83-от роденден. Во меѓувреме добива повеќе награди и вредни признанија.

Во 2001 г. e одликуван со МБЕ, (Орден на Британската Империја), за заслуги и развој на музичката индустрија. Во 2005 г. ја добива наградата на Би Би Си за уникатен придонес на британската џез музика, како и почесната академска титула на Универзитетот во Бристол, која лично му ја предава тогашниот премиер Тони Блер.

Акер Билк со својот бенд, и покрај тоа што ја тера 84-тата година, се уште настапува, барем по неколку пати во месецот и тоа на поблиски дестинации. За жал, како што самиот вели, не е во можност да одговори на поканите повторно да ги посети Австралија и Нов Зеланд, каде што во секое време е добредојден, поради долгите и напорни патувања. Посебно се атрактивни неговите гостувања и настапи со исто така легендарните англиски џезери, негови врсници, трубачот Кени Бал и тромбонистот Крис Барбер.

Акер Билк се одликува и со посебен имиџ при одбирањето на гардеробата. Секогаш е со својата, сега веќе побелена брадичка, задолжителната „бомбе“ шапка и шарениот елек по модата на Едвардијанската ера, актуелна на почетокот на 20-от век.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.