Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гостиварец им се заканувал на сопругата и на трите деца дека ќе ги заколе

0
By НОВА ТВ Balaban on March 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 10, 2022 10:24

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.

На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија ѝ се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“.

Полициските службеници, вршејќи проверки по пријавените закани, констатирале дека осомничениот и претходно е пријавуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за загрозување на сигурноста и телесна повреда при семејно насилство, па од тие причини станува збор за сериозни закани спрема оштетените.

Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасноста тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

гостиварец се заканувал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.