Четириесет и едногодишен гостиварец вчера (31 август) во 18 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во Гостивар физички бил нападнат од родителите, кои се обиделе да ја нападнат и неговата сопруга, по што тој со тврд предмет искршил две стаклени врати во куќата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.