На 02.02.2022 околу 01.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение дека претходно извршил кривично дело. Според  пријавеното, тој измислувајќи лажна приказна побарал од 23-годишниот Т.В. од тетовска Мала Речица со возило да го превезе до Гостивар и му одзел личен предмет во кој имало и документи. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот Т.В.. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.