На 29.12.2021 во 00.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на мостот на река Вардар патничко возило „поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(27) од Гостивар удрило во животно. Дознаваме дека станува збор за коњ, кој залутал на патот.

Во несреќата сопатникот Г.М.(48) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.