Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Готен:Стартува резиденцијалната програма Апсолутно модерен

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2013 14:43

Меѓународното жири ги избра тројцата автори кои што ќе ја имаат можноста први да ја започнат резиденцијалната програма за книжевници „Скопје 2013“ под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, под покровителство на мрежата Традуки.

Станува збор за Душко Новаковиќ од Србија, Дарија Жилиќ од Хрватска и Беким Сејрановиќ од Словенија кои помеѓу 1-ви септември и 1-ви декември ќе престојуваат во три едномесечни претстои на резиденцијата специјализирана за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.

Од издавачката куќа Готен информираат дека на отворениот повик се јавијле преку дваесетина автори од регионот, луѓе со добра соработка со македонските автори, книжевници на кои Македонија им останала во добро сеќавање и автори кои сакале да ја искористат можноста првпат да ја посетат земјата и да ја запознаат овдешната книжевна сцена.

Се пријавиле и автори од Јапонија и Тунис, што е доказ дека Македонија е интересна земја и надвор од регионот и што е поттик за организаторот да ја прошири резиденцијалната програма и со автори од други региони.

Душко Новаковиќ (1948) е поет и преведувач, роден во Струмица, а живее и работи во Белград. Добитник е на речиси сите позначајни српски и југословенски награди за поезија. Превел многумина македонски поети, а автор е на антологијата на македонската поезија од 1945 до 2005 г. „Сон над хартија“.

Дарија Жилиќ (1972) е една од позначајните млади поетеси и критичарки, добитничка на најпрестижните хрватски награди за критика и за поезија. Преведена е на словенечки, италијански и англиски. Работи како новинарка, критичарка, и уредничка на книжевни програми. Честопати настапува како феминистичка активистка. Ова ќе биде нејзин прв престој во Македонија.

Беким Сејрановиќ (1972) е роден во Брчко, но поради војната живеел и творел во разни земји, Хрватска, Норвешка, САД. Со своите романи редовно влегува во финалето на наградите на Јутарњи лист и „Меша Селимовиќ“. За својот роман „Нигде, одникаде“ ја доби „Меша Селимовиќ“ во 2008 г. Овој роман е веќе објавен на македонски, а и вториот негов роман „Поубав крај“ ќе се објави и промовира токму за време на неговиот резиденцијален престој во ноември.

Авторите во Скопје ќе престојуваат во период од еден месец, во чии рамки ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавен настан ќе и бидат претставени и на скопската сцена. За да се оствари поголем ефект од нивниот престој ќе се организира нивно претставување и во еден од другите културни центри во земјата, а во одредени случаи и во блиските престолнини од регионот, Приштина и Белград.

Програмата има за цел да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.