Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гоцевски: Нашиот пат кон ЕУ е најтажното но и најважното прашање за сите нас како општество

0
By Marija Todorovska on January 9, 2024 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние влеговме во изборна година. ЕУ влегува во изборна година. И НАТО ќе избира Генерален секретар. САД, Руската федерација и Украина, исто така, се во изборна година и уште многу држави се пред таков чин. Според некои проценки над три милијарди луѓе излегуваат на избори во 2024-та година. Тоа е голем предизвик. Има голема неизвесност за тоа во која насока ќе тргнат големите политики. Во тој контекст е важно како ќе се одвива и нашата политика во Македонија. 

Затоа, демократски, мирни и фер избори за нас ќе бидат најголемиот предизвик и тест во оваа 2024 година, а и потоа за тоа како и во која насока ќе се движиме по изборите. Затоа, според мене, политичката стабилизација на Македонија мора да стане приоритет број еден на целото општество. Поделбите по етничка, верска, партиска се опасни но исто така непосакувани се и поделбите во однос на ЕУ интеграциите. Поделбите воопшто и посебно на ЕУ линијата е лоша за нас како држава па дури и за нашата стабилност и за нашата национална безбедност.

Продолжувањето на патот кон ЕУ останува како нај тажното но и како најважно прашање и обврска за сите нас како општество бидејќи, што некому како да не му е јасно, во ЕУ се интегрира македонското општество како целина. Не се интегрираат поединци такви или онакви групации или сектори, партии и слично. ЕУ интеграциите бараат брз и решителен одговор без разлика кое парламентарно мнозинство по изборите ќе ја формира идната Владата. 

Затоа, според мене, тоа единство, тоа обединување кон стратешките долгорочни интереси на државата ќе биде тој меѓник од каде што ќе тргне нашиот пат кон иднината. Ако сме општество со созреан демократски капацитет, по овие три децении тоа мораме да го сфатиме и да направиме обединувањето да стане реалност во обем што е нужен и по прашањата кои се клучни за државата. Со тоа и нашата држава Македонија ќе станува реален фактор на регионалната и пошироката стабилност и безбедност онака како што тоа од нас го очекуваат нашите сојузници. Затоа верувам во тој процес, повикувам да се случи колку тој и да е болен за поединци или групации кои не и помагаат на стабилизацијата на државата, а кои реално ги има во македонското општество.

Гоцевски ЕУ НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.