Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје: Фонтаната не е предвидена да издржи камиони

0
By Нова ТВ on June 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје реагира на како што велат, невистините што во текот на изминатите два дена беа пласирани во медиумите во врска со пропаѓањето на камион во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана.

„Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито.

Водата што прска од фонтаната понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.

 Градот Скопје појаснува дека околу плоштадот „Македонија“ има кружна црна патека од гранит којашто е предвидена да издржи тежина на камиони. Дополнително, пред одржувањето на пречекот на европскиот ракометен шампион „Вардар“, на плоштадот имаше 5 (пет) чувари кои ги насочуваа камионите со опрема да се движат токму по црната гранитна патека. Камионот на ЈП „Улици и патишта“ што пропадна во површинската фонтана носеше огради (сопственост на МВР) предвидени за просторот пред и околу бината. Но, и покрај укажувањата на чуварите, возачот на камионот го завртел возилото кон фонтаната и пропаднал. Други камиони кои ги почитувале укажувањата од чуварите да се движат по црната гранитна патека без пречки ја транспортирале опремата за бината.

Оттука, грешката за пропаѓањето на камионот во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е исклучиво кај возачот на камионот кој претходно бил предупреден дека возењето по оваа фонтана е забрането.

Во текот на вчерашниот ден екипи на Градот Скопје вршеа увид во направената штета на површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, која ќе биде поправена и ставена во функција“ велат од Град Скопје.

Град Скопје камион плоштад Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.