Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција при повик од граѓани.
Градот назначи одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, соопшти Град Скопје.
„Овие проекти се дел од активностите за овозможување на ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе допринесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани“, се додава во соопштението.