Зуди Енузи Кока е назначен за в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“, информираат од Град Скопје.
Тој е дипломиран правник и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, информираат од Град Скопје.
Претходен директор на претпријатието беше Абдусамед Шабани. Досега Град Скопје ги промени директорите на „Дрисла“, на „Лајка“, на „ЈСП Скопје“, на „Улици и патишта“, на „Зоолошката градина Скопје“ и на „Паркови и зеленило“.