Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница донесе Одлука за определување на локации за поставување на урбана опрема, подвижни објекти, апарати и други направи во Градски парк, во паркот Гази Баба, во СРЦ „Сарај“, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.

„Со одлуката се предвидени 15 нови локации од кои четири во СРЦ „Сарај“, по три во Градски парк, во паркот Гази Баба и на кејот на реката Вардар и две во „Рајски парк“ во Ново Лисиче“, информираат од Град Скопје.

Согласно со утврдените стандарди, станува збор за урбана опрема и поставување на подвижни апарати на предложените локации, што ќе овозможи да се зголеми посетеноста на наведените локалитети.