Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот на Кавадарци осуден на два месеци затвор за поткуп

0
By Нова ТВ on August 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалник на Кавадарци, Александар Панов, е осуден на два месеци затвор за поткуп при избори и гласање. Панов ја доби максималната предвидена казна, а таа ќе се изврши по правосилност на пресудата. Судијата Лазар Нанев појасни дека за делото е предвидена парична казна или казна затвор до една година.

Според обвинението Александар Панов е осуден за поткуп при избори и гласање.

„Обвинетиот во својство на градоначалник на општина Кавадарци на 09.12.2016 година околу 13.30 часот два дена пред парламентарните избори, во својата канцеларија во зградата на општина Кавадарци на лицето Сали Мемедов и на уште две непознати женски лица кои имаат избирачко право, со намера да го придобие нивниот глас во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ на која е член, од фиоката на работното биро извадил три банкноти од по илјада денари и им ги дал како подарок. Обвинетиот им рекол ние сме за да си помогнеме еден со друг и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“, стои во него“, стои во предлогот на Обвинителството.

Градоначалникот ги отфрли обвинувањата кои му се ставаат на товар за изборен поткуп за време на предвремените парламентарни избори во декември минатата година.

„Не се точни тврдењата. Ова е политичка хајка од МОСТ И СДСМ Кавадарци.  Да ти истоварат 20-30 роми и да те принудат да бегаш од општината. Ете тоа се случуваше. Не сум давал помош во кампања бидејќи сум правник и сум свесен дека во кампања не се дава помош, а секогаш пред тоа сум помагал.“, изјави по рочиштето Панов.

Сведоците пред судот потврдија дека парите им биле дадени, како што им рекол градоначалникот, да им помогне, за да и тие помогнат на изборите.

„Градоначалникот ми даде пари да гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сум од ниедна политичка партија. Ми рекоа да се потпишам на едно обично ливче“, изјави сведокот Сали Мемедов.

Александар Панов Кавадарци поткуп пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.