Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалникот на Мариупол ги повика жителите да се евакуираат

0
By Соња Крамарска on April 20, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Мариупол пред малку ги повика жителите на опколениот град Мариупол да се евакуираат преку коридорот што претходно во текот на денот го најави заменик-премиерот на Украина.

Почетокот на евакуацијата е закажан за 14 часот по локално време на назначеното централно место за собирање, рече градоначалникот на Мариупол, Вадим Боиченко во изјавата објавена од градскиот совет. Дополнителни локации за качување во возилата за евакуација ќе бидат достапни во близина на фабриката за челик Азовстал – бастион на украинската воена одбрана – и кај трговскиот центар.

Колоната со евакуација, рече тој, ќе продолжи западно од Мариупол кон градот Бердианск, кој е под контрола на Русија, а потоа ќе продолжи преку градот Запорожје, кој е контролиран од Украина, преку Токмак.

„Почитувани жители на Мариупол, за време на овие долги и неверојатно тешки денови преживеавте во нехумани услови“, рече тој. „Бевте во информативен вакуум без пристап до какви било информации. Можеби сте слушнале различни работи. Но, сакам да ја знаете главната работа – ве чекаат во Запорожје. Таму е безбедно“, порача градоначалникот.

Бојченко рече дека 200.000 жители на Мариупол успеале да го напуштат градот и дека сега се безбедни. Тој ги повика граѓаните со роднини во Мариупол да ја пренесат веста за местата за евакуација.

Градот имаше предвоено население од над 400.000, а украинските власти ја обвинија Русија дека принудува илјадници други жители да се преселат на територијата на сепаратистите како и во Русија.

евакуација Мариупол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.