Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градот Скопје ќе награди 194 пожарникари со по 10.000 денари

0
By Mirjana on August 5, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари  кои што се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија. Паричните награди им се доделуваат заради нивниот  вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада.

Во изминатите 4 години Градот Скопје  ги зголеми платите на пожарникарите, а се  зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.

Исто така, се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка, се наведува во соопштението од град Скопје.

 

награда пожарникари Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.