Триесет и шест проценти од македонските граѓани кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки. Од почетокот на годината бројките покажуваат дека се потрошени 84 милиони евра и раст од 26 проценти во однос на истиот период лани. Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, оформен е и Електронскиот регистар на население, а се најавуваат и промени и во делот на мали партки и нивно следење со скенер.

-Интересот за е-трговија се повеќе расте и се зголемува што покажуваат и бројките за потрошени 84 милиони евра во првата половина од оваа година и имаме раст од 26 отсто во однос на тој период лани, истакна Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијцијацијата за е-трговија на Македонија на годипната конференција за е трговија „Бизнис раст со е трговија“.

Пораст има кај процентот на нарачки кон домашни оналјн продавници во однос на нарачките од странство.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочувајќи на податоците дека во 2011 година обртот во е трговија изнесувал 930 илјади евра, а во 2017 година достигнал 134 милиони евра и раст во последните години раст од околу 30 проценти, рече дека сепак има огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст.

-Сметам дека имаме огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст, но за да го вклучиме тој потенциијал клучно потребно е да имаме квалитетно партнерство и холистички пристап помеѓу Владата, невладините организации, реалниот сектор, академијата, едукациските центри. Дигиталната економијата е предизвик за сите земји и носи огромни можности за раст, рече Ангеловска.

Додаде дека од оние граѓани што имаат пристап до интернет 36 проценти вршат онлајн порачки и смета дека има потенцијал за раст и на оваа бројка.

Ангеловска истакна дека  недостасуваат софистицирани платежни солуции и најави дека со новиот закон за платежни услуги ќе се направи либерализација за влез на нови компании со што ќе се зголеми конкурентноста и за домашните банки, како и дека ќе се работи на нелојалната конкуренција во е-трговијата.

– Предизвик за домашните компании е нелојаната конкуренција во е-трговијата. Се работи на акциски план за да се адресира и да се намали даночната евазија а со тоа да се помогне тие средства да одат кај регистрирани е-трговци бидејќи е тешко менаџирањето на продавница за е-тргоивја и ние како влада треба да им го олесниме патот на малите и средни компании за да можат да растат и да ги пласираат производите и надвор, рече Ангеловска.

Таа посочи и на тоа дека се работи и на проблемот што го создаваат малите пратки чиј обем се повеќе се зголемува и оти се потребни поголеми ресурси на Царинската управа за да се справи со тоа.

Со проектот што го работи Царината со царината од Кореја наскоро ќе се стави скенер во поштата за да може и автоматски да се гледаат кои се пратките што пристигнуваат и да се тргне и оној субјективизам или мануелна работа при царинење, а од друга страна да оди побрзо целиот процес.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски смета дека граѓаните уште полесно ќе се вклучат во електронската трговија со пуштањето на Електронскиот регистар на населението и активирање на својот електронски идентитет.

– Клучно е да се инвестира во овој сегмент и од страна на државата и од страна на приватниот сектор и тоа го правиме и бројките покажуваат дека ова е иднината на економскиот развој на нашата земја, порача Манчевски, кој посочи дека имаме голем потенцијал и луѓе, но и можности што ги нуди и нашето законодавство.

 

Од следниот месец, најави дека ќе се пушти во функција новиот национален портал за електронски услуги што дополнително ќе ја зголеми побарувачката, а од следната година ќе се реализира и огромен проект од 30 милиони евра со поддршка на Светска банка за изградба на општичка инфраструктура во сите делови на државата каде нема доволно широкопијасен интерен.

Една од клучните институции во оваа област е Царинската управа. Во наредниот период за да го забрзаат протокот во е-тргоија и да се олесни трговијата ќе предложат нов договор за регулирање на е-трговијата во рамки на ЦЕФТА.