Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанска кампања за референдумот: „Зачекори напред! Изборот е твој“

1
By Нова ТВ on September 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетина граѓански организации денеска започнаа кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“, со која на граѓаните во наредните три недели преку серија јавни и медиумски активности ќе се обидат да им ја доближат Европската унија и нејзините политики, како и да одговорат на бројни прашања поврзани со тоа што треба да направи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и што ќе добие со евроатланската интеграција.

– Граѓанските организации кои се дел од оваа иницијатива, сметаат дека во овој клучен момент за државата многу е важно граѓанското општество да се вклучи и да делува активно во текот на процесот, со цел на грѓаните да им обезбеди колку што е можно повеќе информации за тоа што значи пристапувањето на Република Македонија во ЕУ, што значи членството во НАТО, а воедно колку што е можно повеќе да го доближиме и самиот договор меѓу Македонија и Грција, вели Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Посочи оти целта на кампањата е и да се обезбедат информации за сите аспекти од референдумското прашање, при што изрази надеж, дека на 30 септември огромен број од македонските граѓани ќе излезат да го искористат своето право на глас.

Извршниот директор на Евротинк – Центар за европски стратегии, Љупчо Петковски, рече дека кампањата ќе опфати повеќе аспекти од влезот во ЕУ што ќе се одразат на секојдневниот живот на граѓаните, како квалитетот на лековите, квалитетот на производите, одложувањето на сметот, чистотата на водата…

– Одлучивме во кампањата да примениме вакви „приземни“ информации кои на граѓаните ќе им овозможат да донесат информирана одлука. Во демократијата е многу битно граѓаните информирани да носат одлуки. Соочени сме со историски момент каде е важно како граѓани да го оствариме нашето демократско право  а тоа да е базирано брз добри информации кои се вистинити и кои на граѓаните ке им објаснат кои се придобивките од целиот овој процес што ќе го отпочнеме во наредните години, рече Петковски.

Лилјана Јоноски, извршна директорка на Руралната коалиција – Куманово посочи дека земјоделците имаат голем удел во процесот на донесување одлуки, и целта на кампањата е до нив да се допре со точни и јасни информации, односно што ќе значи за еден земјоделец влезот во заедничкиот пазар од половина милијарда луѓе.

Граѓанските организации дел од оваа кампања изработија опсежни анализи од повеќе области кои можат да се најдат на Интернет страницата www.zacekorinapred.mk.

Во рамки на кампањата ќе бидат објавени и две изданија на весникот „ЕУрека“, што ќе биде бесплатен и ќе биде достапен на најфреквентните места низ државава. Првиот број е објавен денеска, а вториот ќе биде објавен на 22 септември.

Кампањата ќе се одвива на национално ниво и ќе содржи различни аудио-визуелни материјали – тв спотови, анимации, фото факти…, што ќе се објавуваат на телевизиите, радио станиците, социјалните мрежи, а ќе бидат поставени и билборди. Истовремено ќе се организираат низа медиумски и јавни дебати, директни средби со граѓаните, промоции на книги.

граѓанска кампања Зачекори напред изборот е твој референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.