Published: Tuesday, August 4, 2015 15:25
Пад од 4,5 одсто бележат од утринава на акциите на Атинската берза , како последица на новата вредност на акциите на грчките банки, јавува Ројтерс.
Акциите на четирите водечки грчки банки утринава паднале за преку 29 одсто. По петнеделна принудна пауза, на атинската берза вчера повторно се тргуваше, а акциите крахираа со минус од 16,2 проценти, што е најголем негативен пад досега.
Иинвеститорите реагирале на продолжувањето на неизвесноста во поглед на новиот пакет помош на Европската унија и на влошување на сотојбата на економијата на Грција, наведува Ројтерс.




