Published: Friday, July 3, 2015 16:32
Фотографијата на АФП од пензионерот кој плаче пред банка во Грција според британскиот „Дејлимеил“ е приказ на човечката агонија која ја сумира целата трагедија околу грчката должничка криза и цената на референдумот.
Фотографијата е направена утринава. Грчките банки на пензионерите единствено им дозволуваат да извадат 120 евра неделно од банкоматите.
Човекот, кој е во очигледен стрес, според агенцијата видно вознемирен се расплакал. На помош му притрчува еден полицаец и еден од луѓето во околината кои му помагаат да стане.

Потоа човекот заминува правејќи гестикулации кои артикулираат незадоволство и стрес, пишува „Дејлимеил“.





