Грчката полиција употреби солзавец против демонстрантите кои протестираа пред парламентот додека траеше седницата за гласање на недоверба на Владата на Ципрас.
Тие демонстрираа против договорот со Македонија.
Очевидци за Ројтерс рекле дека полицијата пуштила созлавец кон демонстрантите кои се обиделе да се доближат до парламентот, но и дека дел од демонстрантите фрлиле димни бомби кон зградата на Парламентот.
![]()
“Предавници, предавници”, извикувале демонстранти собрани во централниот плоштад Синтагма.На протестот имало околу 5000 демонстранти.
„Јас сум бесна. Тој Ципрас не работи во интерес на националните интереси и националното чувство на Грците “, изјавила Софија Константиниду која демонстрираше пред Парламентот.
Протестите беа организирани од Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија.



