Со две-третини од изброени гласачки ливчиња, резултатите од грчкиот референдум покажуваат дека гласачите одлучно ги одбиваат условите за меѓународна финансиска помош.
Бројките објавени од страна на Министерството за внатрешни работи покажуваат 61% од ливчињата со пребројани гласови за “Не”, наспроти 39% гласови “Да”.
Владејачката СИРИЗА имаше кампања за “Не”, велејќи дека условите за финансиска помош се понижувачки.
Кампањата за “Да”, предупреди дека со ова може Грција да биде исфрлена од еврозоната.
Некои европски официјални претставници, исто така, рекоа дека “не” ќе се гледа како на целосно отфрлање на преговорите со доверителите.
Но, грчките владини претставници инсистираа на тоа дека “не” ќе ја зајакне нивната позиција и дека тие можат брзо да постигнат договор за свежо финансирање и да ги продолжат преговорите.
Грчките банки ќе бидат повторно отворени од вторник, велат тие.
Реагирајќи на резултатите , грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис го нарече “големото Да за демократска Европа”.
Тој рече дека Грција ќе биде “позитивна” во преговорите со доверителите.




