Шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија Теохарис Лалакос вчера упатил два остри демарша во врска со како што се наведува „неприфатливите инциденти што се случија во Идомени“.

Како што стои во соопштението од Грчкото Министерство за надворешни работи. Амбасадорот Лалакос „јасно ставил до знаење на најкатегоричен начин дека употребата на насилство на ниту еден начин не придонесува за решавање на проблемот со бегалците и е во директен судир со сите релевантни одредби од меѓународното и хуманитарното право“.

Тој, се наведува натаму во соопштението „ги повикал властите во ФИРОМ да се издигнат над ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и сериозност“.