Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчкиот бизнисмен Кирјакос Мамидакис се самоуби

0
By Нова ТВ on July 3, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 3, 2016 23:16

Грчкиот бизнисмен Киријакос Мамидакис чија нафтена компанија „Mамидоил Џетоил“ банкротираше во јуни, извршил самоубиство во својот дом во предградието Дионис во Атина, јавува Телма

Мамидакис си пукал во главата. Телото го пронашол неговиот зет попладнето,  а пиштолот бил до него.

Според првичните информации во собата бил лоцирана и уште една трага од куршум што според истрага значи дека пред кобниот куршум имало уште еден обид за пукање.

За сега не е најдено никакво проштално писмо од Мамидакис, но истрагата е во тек.

Анонимен грчки официјален полициски претставник за Ројтерс изјавил дека  екипи на полицијата се во куќата на починатиот и спроведуваат истрага за трагичниот настан.

Првите неофицијални извештаји за неговата смрт зборуваат за самоубиство заради финасиски проблеми.

84-годишниот Мамидакис  беше извршен директор на ,,Мамидоил-Џетоил,, која  прогласи банкрот компанија на 9 јуни. Компанијата се соочуваше со финансиски тешкотии во последните две години, а при соопштување на одлуката за банкрот компанијата имаше долгови од 314 милиони евра а само 600 илјади евра на сметката.

Првите луѓе на Мамидоил-Џетоил во петокот поднеле барање до судот за заштита од присилна наплата на долговите од страна на доверителите се до официјалното прогласување банкрот, за што судот има закажано рочиште на 1 ноември.

„Мамидоил Џетоил“ има 600 бензински пумпи во Грција и удел на пазарот во бизнисот со гориво со 8,5 %. Компанијата има пет подружници на Балканот.Според информациите, поради грчката рецесија компанијата загубила 30 отсто од профитот, а долговите се должат и на лоши потези од менаџментот на фирмата како купување на две помали компании Dracoil и El Petrol, кои наместо подобрување на активностите доведоа до долгови. Менаџментот се обидувал со месеци да најде нови инвеститори, меѓутоа поради тепката ситуација не успеале да најдат некој кој ќе успее да ја спаси. 

Мамидакис имаше спор и со македонската рафинерија Окта откако грчките газди на Окта,Хеленик петролеум,го раскинаа договорот со Мамидакис да мораат да купуваат нафта само од неговата компанија, договор кој Окта го потпиша со Мамидакис уште додека беше во државна сопственост.

Семејството Мамидакис исто така се вклучени во производството на масло и вино, како и во превозот и хотелскиот менаџмент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.