Published: Friday, March 18, 2016 14:58
Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курумплис условите во бегалскиот камп Идомени денеска ги спореди со оние во нацистичкиот Дахау.
– Не се колебам да кажам дека кампот Идомени е модерна верзија на логорот Дахау во Германија, со кого раководеа нацистите, рече тој за време на денешната посета на кампот, додавајќи дека за тоа е виновна „логиката на затворени граници“ од европските земји кои одбиле да прифатат бегалци.
Повеќе од 46.000 луѓе се заробени во Грција, а само во Идомени има повеќе од 14.000 бегалци.




