Published: Sunday, December 10, 2017 14:08
Грчкото министерство за економија му издало дозвола на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев островот Скорпио да го претвори во луксузен ресорт, објави „еМагазин“.
Како што пишуваат грчките медиуми, островот кој пред неколку децении го поседуваше најбогатиот грк, Аристотел Оназис, кој го купил за 3 милиони драхми во 1963 година, беше продаден од неговата ќерка, Атина, за 130 милиони долари на ќерката на Риболовлев, во 2013 година. Риболовлев го купил островот како роденденски подарок за неговата ќерка. Предвидео е целиот проект да чини 120 милиони евра, а ќе се градат луксузни вили со базени, спа, спортски објекти… Дел од дрвјата кои лично ги засадил Оназис ќе бидат зачувани, како и позната Пинк вила.




